Шведската принцеза Маделеин ќе се венча на осми јуни

Од:

Најмладата принцеза од шведското кралско семејство Маделеин ќе се венча со својот вереник, американскиот бизнисмен Кристофер О’Нил в сабота, осми јуни.

Принцезата Маделеин (31) го избра осми јуни како датум за својата венчавка по датумот на свадбата на нејзините родители, шведскиот крал Карл 16. Густав и кралицата Силвија.

Постарата сестра на принцезата Маделеин и шведска претстолонаследничка принцеза Викторија исто така се омажи на датумот на венчавката на нејзините родители. Таа се омажи во 2010 година за принцот Даниел.

Венчавката на принцезата Маделеин ќе биде во истата црква Слотсиркан, каде се венчаа нејзините родители и нејзината сестра.

Венчавката на принцезата Маделеин предизвика големо интересирање, а шведската телевизија СВТ ќе ја пренесува во живо.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

На Македонките најмногу им се брза да се омажат – најмлади стапуваат во брак во регионот

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата