Шон Пен се ожени по третпат, со избраничката правеле „Ковид-свадба“

Од:

Американскиот глумец Шон Пен се ожени по третпат. Овојпат, избраничката е неговата 31 година помлада колешка Лејла Џорџ – глумица од Сиднеј, Австралија.

Оскаровецот го потврди тоа во видеоврска во ТВ-емисијата „Доцна навечер со Сет Мајерс“, покажувајќи го и прстенот.

– Да, точно. Имавме „Ковид свадба“. Тоа значи – бевме дома, со моите две деца и брат ѝ. Така го направивме тоа, изјави глумецот.

Пен (59) претходнно беше оженет со пејачката Мадона и со глумицата Робин Рајт, со која има две деца, а конечно се разделија и разведоа во 2010 година.

Би можело да ве интересира

На Македонките најмногу им се брза да се омажат – најмлади стапуваат во брак во регионот

На свадба во Италија се урна плафон, 64 повредени, петмина се сo тешки повреди

Кривична за маж кој со автоматска пушка пукал на свадба во велешко

А1он

МВР: Уапсен е командир кој пукал со оружје на свадба

(ВИДЕО) Свадба во авион-невестата направи венчаница во тоалетот

Предраг Петровиќ

Невеста од Србија претепана на сопствената свадба: Имам исекотини и целата сум со модринки

А1он