Шести скопски цветен фестивал

Од:

Шестиот Скопски цветен фестивал – под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈП Паркови и зеленило кој ќе се одржи на 18 и 19 мај 2019 година, сабота и недела, во Градскиот парк во Скопје на почетокот на вториот дел, под мотото „Скопје цвета“.

Фестивалот ќе започне на 18 мај со цветно дефиле од Собранието на Град Скопје во 11:30 часот, со деца од предучилишните установи и основните училишта.

Фестивалот свечено ќе го отвoри Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов заедно со директорот Ардијан Муча, по што следуваат настапи на повеќе музички и танцови изведувачи, а посетителите ќе имаат можност да учествуваат и во целодневни активности кои ги нуди програмата: да проследат анимации за деца, да вежбаат јога и зумба на отворено, да слушаат музика, да погледнат и учествуваат во најразновидни цветни перформанси и декорации.

Целта на фестивалот е на едно место да ги собере сите љубители на цвеќето и природата, урeдувањето на околината, уметници, деца и ученици кои што на овој простор ќе ја изразат својата умешност со цвеќето, декорацијата и дизајнот, да се промовира одгледувањето цвеќе пред граѓаните, најмладите да се вклучат во работилници, да ја покажат својата креативност и да научат нешто повеќе за цвеќето, како и да се подигне јавната свест за заштита на животната средина. За прв пат оваа година посетителите и љубителите на животни ќе имаат можност да добијат корисни совети за своите домашни миленици како и можност да вдомат домашно милениче.

Оваа година на манифестацијата ќе се претстават повеќе од 30-ина изложувачи – цвеќари и фирми за хортикултурно и пејзажно уредување, институции и невладини организации од областа на екологија.

Би можело да ве интересира

Тројца истепани во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот