Шест најголеми заблуди за Дубаи

Од:

Дубаи важи за модерен град. Кога ќе се спомене прво што ни паѓа на ум се богатство, луксуз, модерна архитектура, акапи авотмобили, шеици со егзотични миленичиња. Сето тоа е само мит.

Дубаи  е „главен град“ на најбогатите луѓе на светот

Од 5000 луѓе чии банкарски сметки достигнуваат преку милијарда долари, само 20 живеат во Дубаи. Пекинг има најголем број богати луѓе, и веднаш по него доаѓа Њујорк.

Нема сиромашни луѓе

Се разбира, ова не е точно. Многу кои доаѓаат од сиромашни земји кои заработуваат само неколку стотини евра месечно. Ова не е доволно за стандардот во Дубаи, многу работници живеат заедно за да заработат колку да се прехранат.

Забрането е да се консумира алкохол

Многумина мислат дека алкохолот е забранет во Дубаи. Муслиманското население, се разбира, не треба да пие, но туристите кои сакаат да пијат треба само да купат посебна картичка / туристичка виза. Алкохолот се служи во баровите, хотелите и клубовите кои често се наоѓаат во хотелите.

Сончево и топло 12 месеци

Луѓето некако секогаш забораваат дека Дубаи е во пустината. Ако ви се допаѓаат сауните, климата во Дубаи може да ви одговара. Температурата во Дубаи, дури и во пролет, достигнува 50 степени. Во зимските месеци температурата ретко се спушта под 23 степени.

Вртоглаво скапи автомобили

Кога ќе се спомене стандардот во Дубаи, веднаш на ум ни паѓаат фотографии од луксузни автомобили управувани од полицијата. Но, треба да знаете дека луѓето кои живеат во Дубаи возат помалку луксузни, а често и полицијата вози тојота возила. Брзите автомобили што ги гледаме на фотографиите се неопходни за полицијата, бидејќи тие само така можат да се справат со оние екстравагантни возила кои ги возат шеиците.

Чување егзотични животни како миленичиња

Често може да видиме слики од лавови како домашни миленичиња иако е против законот. Казните за кршење на овој закон се многу високи, а понекогаш дури и може да се добие затворска казна од половина година. Што се однесува до миленичињата, во Дубаи има главно мачки, бидејќи климата не е погодна за кучиња.

Дубаи има најмногу Индијанци, дури 25 проценти, додека локалното население го сочинуваат само девет проценти. Има многу имигранти од Пакистан и Бангладеш и работат директно на зградите или фабриките. Дури 91 процент од населението доаѓа од други земји.

Би можело да ве интересира

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Семејството ќе ја оствари последната желба на пејачката која загина во Дубаи

А1он

Девојка од Бијелина загина во Дубаи откако падна од 24 кат

ВИДЕО: Во Џеда продолжи изградбата на највисоката кула во светот, ќе биде 1.000 метри

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Авион со 167 патници се запали во воздух

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дубаи: 16 лица загинаа во пожар во станбена зграда

Горан Наумовски