Седум одлични карактеристики на новиот Android 7 Nougat

Од:

Гугл ја претстави новата верзија на оперативниот систем Андроид под името Nougat. Се работи за седмо издание на Андроид, не сметајќи ја надградбата, а ЈуТјуб каналот Android Authority донесува седум најважни карактеристики на новиот покренувач на смартфоните и таблет уредите.

1. Менување на апликациите
Менувањето е многу брзо и ефикасно, така да корисникот може да се праша како живеел со побавните изданија на овој аспект од софтверот. Ова е дефинитивно одлична опција за тие кои работат со неколку апликации одеднаш.

2. Toggle копчиња
Иако ова не е нај радикална иновација, доволно е значајна што корисниците многу брзо ќе се прашаат зошто toogle опциите до сега не биле наредени над списокот за нотификации. Активирањето на Wi-Fi или гасењето на звукот на Nougat е оддалечено само со еден потег на прстот.

3. Насобрани нотификации
Зошто воопшто би имале десетици нотификации од една иста апликација кога можете да ги имате наредени една на друга, со што ќе си го олесните пристапот и ќе го организирате уредот. Дури, Nougat пружа директно одговарање или влез во деталите без потреба на активирање на матичната апликација.

4. Поставки
Некои од најважните информации за паметниот телефон сега можат да се најдат директно на првата страница за поставки без потреба да се влегува во под рубриките, со цел да дознаеме колку уредот користи РАМ меморија, или колку апликации има инсталирано.

5. Енкрипција, рестартирање и чување на апликациите
Уредите кои ги покренува Nougat, моментално само новиот Nexus, побрзо ќе се рестартираат, а корисничките податоци ќе бидат повеќе заштитени. Апликациите ќе се апдејтуваат побрзо, а ќе заземаат помалку од интерната меморија и помалку од РАМ меморијата.

6. Споделување
За сите љубители на споделување на информации на социјалните мрежи и деловно, Nougat е тука да ви ја олесни работата со креирање на скратен пат во форма на преферирана апликација за споделување.

7. Персонализација
Nougat пружа најголем степен на персонализација во светот на Андроид. Се работи за опции кои до сега се криеле во разни апликации специјализирани за скинови и персонализација – корегирање на опции за отисок од прст, дотерување на работата на батеријата, зумирање на содржините, управување со нотификациите и гасење на некои апликации.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

Орце Костов

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ