Се што сте сакале да го прашате пилотот

Од:

Новинар на сајтот Травелзу (Travelzoo) се обидел од пилотот да ги добие одговорите на прашањата, кои повеќето би сакале да ги постават – од работите кои најмногу ги нервираат до тоа дали гаснењето на мобилниот телефон е навистина толку важно.

Дали турбуленциите треба да ги загрижат патниците?

Патниците не треба воопшто да бидат загрижени поради турбуленциите. Најважна работа, која треба да ја сторат е да се врзат и да внимаваат да не го истурат пијалокот врз себе или врз лицето, кое седи до нив. Модерните авиони се изработени на начин, на кој можат да издржат се што може да ни падне на ум и фактот дека авионите не паѓаат од небото за време на турбуленции оди во прилог на тоа.

Освен најосновните работи што се имате со себе во пилотската кабина?

Претежно со себе носам некое списание, крстозбор или некое лесно четиво. Знам дека ова ќе вознемири некои од читателите, но осум часа во пилотската кабина може да создаде одредено ниво на досада кај пилотот. За време на убавите денови, кога авионот ќе ја постигне потребната висина, нашите обврски значително се намалуваат и овие работи не држат концентрирани.

Колку време пилотот поминува во активно пилотирање, а колку време тоа го прави автомаскиот пилот?

Тоа зависи од авионот со кој пилотирате и дали пилотот е расположен за лет. Колку е поголем авионот, толку повеќе технологија има пилотот на располагање. Повеќето нови авиони можат да слетаат со минимално учество на пилотот.

Од друга страна тоа може да зависи и од авио компанијата за која работите – некои очекуваат од пилотот активно да управува до висина од десет илјади метри, додека други ги учат пилотите повеќе да се потпираат на тенологијата. Понекогаш имаме и до шест летови дневно и на должност сме по 15 часа, така што заморот може да претставува проблем. Технологијата ни помага да ги чуваме нашите ментални ресурси.

Што најмногу ве нервира кога се во прашање патниците?

Патниците, кои мислат дека целиот свет се врти околу нив и оние, кои своите фрустрации ги истураат врз другите. Разбирам дека за одредени луѓе патувањето може да биде стресно, но ве молам својот бес и нервоза да не ги истурате врз добрите луѓе, кои се тука заради вашиот комфор.

Колку навистина е важно гаснењето на мобилните уреди пред полетувањето?

Знам дека стјуардесите ќе ме мразат поради ова, но доколку авионот се наоѓа на висина од десет илјади метри, мобилните уреди не претставуваат директна опасност, Како го знам тоа?

Пилотите се најголеми прекршувачи на ова правило. Не го правиме тоа намерно, но кога летаме по цел ден, понекогаш забораваме да ги исклучиме телефоните. Сум примил повик на висина од 19 илјади метри и не забележав дека тоа има какво било влијание врз авионот или командите.

Би можело да ве интересира

Избегната голема авионска несреќа аеродромот Џон Кенеди во Њујорк

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски