Се продава приватниот авион на Елвис Присли

Од:

Приватниот авион кој му припаѓал на американскиот музичар Елвис Присли ќе биде понуден на аукција откако 30 години стоеше на пистата во американската сојузна држава Ново Мексико.

Седиштата од виолетово кадифе и црвен килим ја украсуваат внатрешноста на авионот, дизајниран лично од Елвис.

Авионот од 1962 година нема мотор и потребно е целосно реновирање на пилотската кабина.

Леталото било во сопственост на познатиот американски изведувач и негов татко, Вернон Присли.

Авионот е речиси 35 години во приватна сопственост и се наоѓа на пистата во градот Росвел во Ново Мексико.

Леталото ќе биде понудено на аукција на 27 мај и се проценува дека ќе достигне цена од околу 3,5 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Прстените на Елвис Присли на аукција: Цената може да достигне 60.000 долари

Вештачката интелигенција го враќа Елвис на турнеја

А1он

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Почина Лиза Мери Присли ќерката на Елвис Присли

Горан Наумовски

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски