Европскиот комесар за финансии Јоханес Хан се ожени со својата долгогодишна партнерка, поранешната австриска вицеканцеларка Сузана Риес-Пасер.
„Се венчавме во кругот на семејството и пријателите на имотот Ајдербихл и се радуваме на заедничката иднина“, се вели во соопштението на парот.
Рис-Пасер моментално е генерален директор на групата „Вистенрот“, а претходно беше висок функционер на Слободарската партија на Австрија (ФПО).
Хан е од Народната партија на Австрија (ОВП), па се формираше политички невообичаена брачна коалиција. Според договореното, таа сега ќе го користи презимето Рис-Хан.
Двајцата се запознале преку заеднички пријатели, а во врска се од 2015 година. На свадбата присуствуваа и поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц и австрискиот тајкун Рене Бенко.