Samsung Galaxy S IV е можно да биде претставен во март, тврдат од SamMobile, издание чии анонимни извори често се покажувале дека ја зборуваат вистината.
Според последната доза шпекулации, четвртата генерација на популарниот паметен телефон ќе биде претставен на 15 март, а ќе се појави во продажба во април. Тоа значи дека е доста можно уредот да не биде прикажан на саемото MWC 2013, што ќе се одржи кон крајот на овој месец. Веројатно Samsung ќе организира свој настан за да можат светлата на рефлекторите целосно да бидат насочени кој Galaxy S IV.
Што се однесува до хардверот на смартфонот, гласините предвидуваат дека работите ќе изгледаат доста добро. Веројатно Galaxy S IV ќе има 5-инчен AMOLED дисплеј со резолуција 1920 на 1080 пиксели, чип Exynos 5440 со четири јадра, 13 MP камера, како и S Pen игла.
Имајќи предвид дека Samsung Galaxy S III дебитираше во мај 2012 година, изгледа сосема веројатно да видиме негов наследник наскоро.