HTC One е најновиот адут на тајванската компанија, кој од многу критичари беше поздравен како најдобариот смартфон на HTC досега, а се чини дека Samsung е загрижен поради тоа.
HTC One ќе биде пуштен во продажба оваа недела кај операторите во САД, а веќе има огромен број на порачки.
Јужнокорејската компанија е загрижена за супериорниот квалитет на градба на предводникот на HTC.
HTC ONE е направен од цврста градба и доаѓа со елегантен алуминиумски дизајн. За разлика пак, повеќето претставници на Samsung – вклучувајќи ги Galaxy S4 и Galaxy Note II – имаат пластичен дизајн.
HTC One доаѓа со Android 4.1.2 Jelly Bean, со Full HD дисплеј од 4.7 инчи со резолуција од 1920х1080 пиксели и 468 пиксели на инч, со процесор со 4 јадра на Qualcomm Snapdragon 600 со брзина од 1.7GHz.
Другите спецификации на One вклучуваат 2GB RAM и две верзии од 32GB или 64GB вградена меморија, и кориснички интерфејс Sense 5.