„Самсунг“ промовира „олимписки модел“ на „Галакси С7“

Од:

Компанијата „Самсунг“, која е еден од спонзорите на Олимписките игри во Рио, произведе специјална верзија на својот смартфон „Галаски С7 Еџ“.

Се работи за веризјата „Галаски С7 Еџ Олимпик Едишн“, кој ќе го добие секој од 12.500 учесници на Олимпијадата. Телефонот на задната страна го има логото Олимписките игри, а боите на неговите компоненти одговараат на боите на познатите прстени.

Копчето за заклучување е со црвена боја, додека рамките на камерите и блицот се сини. Логото на Олипијадата се гледа и на задната страна и на интерфејсот, посебно во апликациите како што се пораките, повиците и листата на контакти. Копчињата за подесување на звукот се во зелена боја.

Компанијата на 18 јули ќе пушти во продажба само симболични 2.016 специјални смартфони од овој модел и тоа во Бразил, САД, Кина, Германија и Јужна Кореја.

„Самсунг“ подготви и специјална апликација за Олимпиксите игри. 

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ