Самсунг подготвува телефон на преклопување

Од:

Самсунг не се откажува од преклопните телефони и работи на наследник на ланскиот модел W2016 (интерно име SM-2016). Телефонот беше ексклузива за пазарот во Кина, а имаше и малопродажна цена која беше речиси како два телефона Галакси S6 модел.

SM-2017 моделот со кодно име „Veyron‟ ќе има ажуриран чипсет. Ланскиот модел имаше Exynos 7420, додека оваа година телефонот ќе го имплементира чипот Exynos 8890. Системот за камерата е позајмен од актуелната Галакси S7 линија, тука е 12 MP примарната камера на задната страна и 5 MP предна камера. Дисплејот останува непроменет, два 3,9 инчни Супер Амолед панели, од двете страни на горниот дел на уредот.

За сега, ова се сите достапни податоци за Самсунг SM-2017 моделот, а се очекува уредот да се појави кон крајот на годината.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ