Galaxy S4 дефинитивно ќе биде хит потврдува и бројот на нарачки пред јавното лансирање. Страста за новото дете на Samsung е изгледа толкава што фабриките на јужнокорејскиот гигант не можат да одговорат на побарувачката.
“Поради неверојатната глобална побарувачка првата испорака нема да биде доволна да ги задоволи сите потреби. Очекуваме дека во наредните недели ќе успееме да одговориме на сите нарачки“, соопштија од Samsung.
Како што јавуваат медиумите во САД, бројни мобилни оператори веќе одамна ги примаат нарачките но и тие се свесни дека S4 нешто подоцна ќе се појави на нивните рафтови.
“Планиравме овој викенд да го лансираме SGS4, но заради предизвиците поставени пред Samsung, почетокот на продажбата ќе биде одложен“, соопшти Sprint.