Samsung се соочува со сериозно обвинување дека ги довела до заблуда своите корисници преку лажирање на тестовите за перформансите на Samsung Galaxy S4.
Според истражувањето Samsung го зголемил капацитетот на графичкиот чип од 480MHz на 533MHz што довело до подобри резултати за 11% со промена во софтверот која инаку не е дел од официјалната верзија на смартфонот и на тој начин ги освои првите места на сите тестови.
Samsung се брани со тврдењето дека смартфонот навистина има капацитет на графиката од 533MHz, но таа е намалена на 480MHz за да не дојде до преоптоварување при играње на одредени мобилни игри и оштетување на смартфонот.