Јужнокорејскиот производител на мобилни телефони Самсунг официјално ја претстави смалената верзија на популарниот модел „Галакси С4“.
Галакси С4 мини има екран од 4,3 инчи и тежина од 107 грама.
– Сакаме на корисниците да им дадеме повеќе избор со Галакси С4 мини, што е многу сличен со моделот Галакси С4, но е покомпактен и попрактичен за користење, изјави шефот на секторот за ИТ и мобилна комуникација на Самсунг Ј.К. Шин.
Самсунг Галакси С4 мини влегува во пониска ценовна рамка и има за цел да ги привлече поштедливите купувачи.
Новиот С4 мини ќе има двојадрен процесот од 1,7 Гигахерци и две камери со осум и 1,9 мегапиксели.