Самсунг по малиот Галакси С4 мини, го претстави и Галаски С4 Актив наменет за корисници со активен животен стил.
С4 Актив има голем број иновативни елементи што го прават отпорен на вода и прашина. Моделот овозможува нуркање на длабочина од еден метар во времетраење од 30 минути.
Интересно е што смартфонот има и Аква Моуд што овозможува слушање музика, фотографирањe и снимање под вода.
Галакси С4 Актив има екран од пет инчи со Фул ХД резолуција, четиријадрен процесор од 1,9 гигахерци, 2 ГБ РАМ меморија и 16 ГБ меморија што може дополнително да се зголеми со миркоСД мемориска картичка.
Смартфонот работи на Андроид 4.2 оперативен систем и има камера од 8 мегапиксели.