Јужнокорејската компанија „Самсунг“ синоќа во Њујорк претстави два нови смартфони од голем формат Галакси С6 едџ плус и Галакси Ноут 5.
Двата фаблети, комбинација на телефон и таблет, имаат заеднички голем број технички карактеристики, како што се АМОЛЕД екран од 5,7 инчи и Квад ХД.
Галакси С6 Едџ плус има ист закривен екран како и смартфонот С6 Едџ, што беше претставен во Барселона на почетокот на годинава, додека Ноут 5 има рамен класичен екран.
Двата телефони имаат осум јадрен процесор Ексинос 7 и главна камера од 16 мегапиксели, а додека на предниот дел имаат камера од 5 мегапиксели. Двата уреди поддржуваат мрежа од четвртата генерација.