Samsung ќе лансира два нови смартфони кои ќе бидат дел од посебна серија хибридни телефони, настрана од Galaxy Note, наскоро доаѓаат два смартфони од новата серија Galaxy Mega.
Во омој момент се познати два нови хибридни телефони или популарно наречени фаблети кои имаат големина на екранот над 5.5 инчи и повеќе наликуваат на мини таблети.
Првиот Samsung Galaxy Mega ќе има големина на екранот од 5.8 инчи и qHD резолуција од 540 х 980 пиксели, додека вториот смартфон со екран од 6.3 инчи ќе има нешто повисок степен на пиксели и HD резолуција од 1020 х 700 пиксели.
Samsung Galaxy Mega серијата ќе биде сместена во средната класа на смартфони, со нешто послаби карактеристики како што е дво-јадрен процесор, 8 мегапикселна камера, додека пак добра вест е што и двата ќе работат на оперативниот систем Android 4.2 Jelly Bean.