Моделот на AnTuTu тестот ја носи ознаката SM-G925F, што е најверојатно европската верзија на новиот модел, односно Samsung Galaxy S6.
Доколку податоците се точни, можете да очекувате огромен 5,5 инчен QuadHD екран на допир со резолуција од 2560 x 1440 пиксели, 20 мегапикселна задна камера (најверојатно со оптичка стабилизација на сликата) и 5 мегапикселна предна камера.
Во внатрешноста би се наоѓа осум-јадрен процесор изработен од Samsung (Exnos 7420) кој исто така има 64-битна архитектура. Перформансите завршуваат со 3GB RAM и простор за складирање на податоци од 32 гигабајти. Нормално, уредот работи на Android 5.0.
Претходниот модел, Galaxy S5, беше најавен во февруари, а продажбите започнаа во април – така што можеме да очекуваме дека Samsung ќе направи слична тактика и за Galaxy S6. Она што е проблематично во овие спецификации е екранот, бидејќи Galaxy Note 4 веќе има 5,7 инчен екран, така што мала е веројатноста дека Galaxy S6 би добил 5,5 инчен, бидејќи во тој случај би станувало збор за скоро идентични модели.