Наградите за „Производител на годината“ и „Најдобар смартфон“ годинава заминаа во рацете на Samsung, на World Mobile Congress во Барселона.
Досега ширум светот се продадени повеќе од 40 милиони примероци на Galaxy S3.
Оваа 2012 беше многу важна година за Samsung бидејќи поставивме нови рекорди во мобилната индустрија. Судиите ги препознаа иновациите на Samsung во повеќе категории и нашата желба да го смениме начинот на кој потрошувачите го гледаат светот на мобилната технологија, рече Џ.К. Шин директорот задолжен за IT и мобилните комуникации во Samsung.