ужнокорејската компанија „Самсунг“ испрати покани за настанот „Unpacked“, што ќе биде одржан во рамките на Саемот ИФА.
Самсунг традиционалано овој настан го користи за претставување на нови уреди од семејството Ноут.
Минатата година Самсунг го претстави Ноут 2, а пристигнувањето на Ноут 3 се очекува годинава на конференцијата „Unpacked“, на 4 септември на Саемот ИФА во Берлин.
Самсунг традиционално на Саемот ИФА претставува мобилни телефони со големи екрани. Се очекува Ноут 3 да биде Фул ХД мобилен со осум-јадрен процесор и 5,7 инчен екран, што ќе го позиционира веднаш зад Експерија З Ултра, по големината на екранот.