Саем за деца во Скопје сити мол

Од:

Од денеска во наредните три дена во Скопје City Mall ќе се одржи 7-от Саем за деца. Сите посетители од 17 до 20:00 часот во недела ќе имаат шанса да креираат и да научат многу нови работи преку креативните работилници и интерактивните игри.

Годинава новитет се креативните работилници и школата за уметничко цртање со уметникот Љупчо Бојаров, дружењето со рептили заедно со Војо, настапите на Златно Славејче, интерактивните игри за деца доктори, забавните турнири со LEGO коцки и консолите PS4.

Уметникот и сопственик на училиштето за уметничко цртање „Ателје Бојар“, Љупчо Бојаров, кој ќе ја води работилница изјави дека обуката е бесплатна и наменета за деца од 5 до 12-годишна возраст. За да се биде дел од неа потребна е, вели, само желба за совладување на тајните на уметничкото цртање.

– Целта на работилницата е децата да се запознаат со три различни техники и тоа сликање на ќерамичка подлога (на чинија), сликање на природен камен и сликање со витраж бои на стакло. Очекувам да се оформат три групи од по 12-тина деца, а во зависност од тоа колку ќе има заинтересирани можно е да се работи и четврта техника – цртеж со пастел и дрвени бојци, вели Бојаров.

Воедно, децата ќе имаат можност да научат нешто повеќе за традиционалните македонски занаети преку креативни работилници каде ќе се декорираат колачиња, ќе се изработува накит со разни техники, плетење и везење во соработка со Занаетчиската комора на Град Скопје.

На музичката сцена, најмалите со своите родители ќе можат да уживаат во песните на популарните Златни славејчиња. Популарниот меѓународен проект од едукативен карактер Мече Болница, кој минатиот Саем за деца беше вистински хит повторно ќе може да се погледне од петок до недела во Скопје Сити Мол.

Овој проект е создаден од студенти по медицина, а целна група се децата, особено оние од предучилишна возраст. Секое дете има можност, својата кукла – мече, да ја однесе во импровизирани медицински оддели (амбуланта, хирургија, лабораторија и аптека), каде се извршуваат лекарски прегледи и медицински зафати.

Посетителите, освен огромната забава, наградните игри и изненадувањата, ќе имаат можност да ги искористат големите попусти за време на 7. Саем за деца и родители во продавниците за детска облека, производи и играчки.

Би можело да ве интересира

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Владата три дена одбива да каже колку пари потроши за стоте луѓе кои во Белград дегустираа вина

A1on

И Абазовиќ ќе присуствува на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград

А1он

Меѓународен саем „Органска трпеза” во Куманово

А1он

Виртуелен саем за развивање одржливи навики, мода и зелени бизниси

Ана Ололовска