Од денеска до недела во „Сити мол“ во Скопје ќе се одржи Саемот за деца и семејство, кој, како што велат организаторите, ќе ги обедини најмалите, ќе ги израдува најсреќните и редовните посетители.
Посетителите ќе се забавуваат со Трајче Георгиев и „Златните славејчиња“. Ќе има и живи рептили, разни спортски активности и многу забава за најмалите. Ќе настапат училишни хорови и други секции од училиштата, а Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ќе реализира едукативни предавања за важноста на детските седишта во автомобилите, велосипедистите и пешаците.
Сите посетители ќе имаат можност да учествуваат во играта на лојалност и да освојат патување за целото семејство во „Дизниленд“ во Париз, телевизор, таблети, велосипеди и други вредни подароци.