Во САД за првпат бројот на претплатници на Интернет го надмина бројот на претплатници на кабелски телевизиски услуги. Регистрирани се 49.915.000 претплатници на широкопојасен Интернет, додека бројот на претплатници на кабелска телевизија изнесува 49.910.000, што е минимална разлика, објави СЕЕбиз.
Сите кабелски интернет оператори изминатото тримесечје оствароле раст на бројот на претплатници на широкопојасен Интернет, регистрирајќи 380.000 нови клиенти.
Истражувањето на компанијата ЛРГ покажува дека поголем дел од испитаниците се претплатници на двете услуги, но и дека постои промена на навиките на американските корисници, така што Интернетот полека ја надминува телевизијата.