САД им препорачаа на сопствениците на „Галакси ноут 7“ да ги исклучат

Од:

Сопствениците на смартфоните „Самсунг Галакси ноут 7“ да не ги користат повеќе телефоните и веднаш да ги исклучат, препорача вчера американската Комисија за безбедност на производите.

Во соопштението на Комисијата се наведува дека заедно со „Самсунг“ работат со цел да се прогласи официјалното повлекување на овие апарати од употреба.

Агенцијата се обидува да утврди како да ги обештети корисниците на телефоните и продавниците кои ги нудат. 

Проблемот е во литиумско-јонската батерија, јави ТАСС. Неодамна е добиена информација дека таа може да предизика пожар за време на полнењето или при употреба на телефонот. 

Компанијата „Самсунг“ на 2 септември објави дека ја запира продажбата на моделот „Галакси ноут 7“ по неколку случаи на експлозија на батеријата, кои довеле до пожар.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ