Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Од:

Роман Бурцев, Русин кој е познат како двојник на холивудскиот актер Леонардо ди Каприо, е поканет да ѝ се придружи на војската на Владимир Путин, откако неговото дебелеење влијаело на неговата актерска кариера.

Според „Сан“, невработениот двојник, кој се здоби со популарност како двојник на Ди Каприо, забележал дека му се измолкнуваат новите деловни можности поради неговата дополнителна тежина.

Иако очекуваше дека улогата на двојник ќе му донесе слава, богатство и семејство, ангажманите во рекламите не беа доволни.

Пред да стане двојник на Ди Каприо, Бурцев работел како ИТ специјалист. Рускиот Ди Каприо пред да замине во војна, живеел со своите родители и една мачка во изнајмен стан во Подолск, недалеку од Москва.

Бурцев е осум години помлад од холивудската ѕвезда.

Бидејќи актерската кариера не му ги донела очекуваните резултати, повремено работел на пазар и во фабрика за железо, но тоа не било доволно за да биде финансиски стабилен, па заврши во војската на Путин.

Би можело да ве интересира

АП: Русија подготвува нова офанзива

Вил Смит на новиот албум: Морав да го вратам Оскарот затоа што сум црнец

Предраг Петровиќ

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји