Руби: Не сум проститутка, против мене се води психолошка војна

Од:

Марокански танчерка Карима Ел-Маруга “Руби”, кој се наоѓа во центарот на судењето на поранешниот премиер Силвио Берлускони обвинет дека на малолетничката и платил за секс, денеска ја осуди “психолошката војна” што против неа ја водат Италијанските обвинители.

Ел-Маруга денес прочита долго соопштение на големиот број на новинари, пред судот во Милано, во кое негираше дека е проститутка и инсистираше на тоа дека обвинителите треба да ја слушнат и нејзината верзија на приказната.

329071_rubi-foto-ap-1_ff

Берлускони е обвинет за секс со тогаш малолетната, со прекарот Руби, во време кога во неговата вила во близина на Милано правел т.н. “bunga-bunga” забави, а подоцна се обидуваше да ги заташка, потсети АП.

Доколку биде осуден, поранешниот италијански премиер ризикува да добие до три години затвор за ова обвинение и до 12 години, поради наводен притисок врз полицијата, да ја ослободи Руби во една прилика кога била уапсена за ситна кражба. И Берлускони и Руби негираат дека имале сексуален однос.

Денешното појавување на Руби дојде во политички чувствителен момент, кога паријата на десниот центар на Берлускони се обидува да влезе во владејачката коалиција откако после изборите во февруари беше втора по силина.

Судот во Италија на 18 април ќе одлучи, дали двата судски случаи во врска со Силвио Берлускони ќе ги пресели во Бреша од Милано, каде што поранешниот премиер тврди дека не може да има фер судење, соопштија неодамна судски извори.

Жалбената постапка на Берлускони за пресудата за даночно затајување и процесот со кој е обвинет дека на малолетничка и платил за секс, одложени се додека Касациониот суд не одлучи дали да дозволи тие да се преместат од Милано, јави Ројтерс.

Префрлањето на судските постапки, со што значително би можело да се одложи судењето, е најновиот спор, во рамки на се поинтензивниот судир на Берлускони со обвинителите во Милано, кои повеќепати ги обвини ,дека се обидуваат да го уништат од политички причини.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески