Европската комисија денеска треба да го објави официјалниот предлог за укинување на роамингот во земјите од ЕУ.
Најверојатно дополнителното наплатување на телефонирањето, испраќањето СМС пораки и сурфањето на интренет ќе замине во историјата до јули 2016 година.
Германското списание „Фокус“, повикувајќи се на извор од кабинетот на еврокомесарот за дигитална агенда Нили Крос, пишува дека до укинување на роамингот ќе бидат воведени и соодветни стимулативни мерки за операторите кои ќе одлучат да го чекаат последниот момент.
На пример, поевтините оператори ќе можат на своите корисници да им испратат СМС порака, со која во странство ќе им нудат краткорочен или еднократен премин од „матичниот“ оператор, со цел да им ги намалат трошоците.