Рамазан: Месец на пост и интроспекција

Од:

Хистори – Вашингтон

Во Исламот, Рамазан е свет месец на пост, интроспекција и молитви. Постот е еден од петтте фундаментални принципи на Исламот. Секој ден за време на Рамазан, следбениците на Исламот, познати како муслимани, не јадат ниту пијат од зора до зајдисонце. Тие исто треба да избегнуваат нечисти мисли и лошо однесување.

Муслиманите го прекинуват секојдневниот пост со споделување оброци со семејството и пријателите. Крајот на Рамазан се слави како тридневна прослава позната како Ид алфит`р, кој се смета за еден од најголемите празници во Исламот.

Исламот на прв поглед

Исламот е втората по бројност религија во светот, по Христијанството, со повеќе од една милијарда следбенции. Исламот потекнува од Арабија, но е раширен низ целиот свет. Држави со најбројно муслиманско население се Индонезија, Пакистан, Бангладеш, Нигерија, Египет, Турција и Иран. Се проценува дека во САД има седум милиони муслимани, заедно покрај исламски места за богослужба наречени џамии, во сите 50 држави.

Муслиманите веруваат дека во 610 година маж по име Мухамед (живеел од 570 до 630 година) од арапскиот град Мека, започнал да прима откривенија од Бога или Алах, преку ангелот Габриел. Пораките биле собрани во света книга со 114 поглавја, позната како Куран, за која муслиманите веруваат дека ги содржи точните зборови на Бога.

Мухамед е последниот пророк во редот на исламски пророци (меѓу кои се и Адам, Аврам, Мојсеј и Исус), кои биле избрани од Бога да делуваат како пророци и да го поучуваат човештвото.

Муслиманите веруваат дека постои еден сезнаен Бог, и дека луѓето ќе дојдат до спасение со следење на неговите упатства. На арапски, Ислам значи „поденсување“ или „предавање“ (на Бога).

Серија на формални чинови на верување, познати и како Петте столба на Исламот, се основата на животот на муслиманите. Меѓу столбовите се: шахада (изјава за верата: „Нема друго бог освен Алах, а Мухамед е божји пророк“); молитва (муслиманите се молат пет пати на ден); закат (давање милостина); пост; и аџилак (муслиманите би требало да одат на аџилак во градот Мека во Саудиска Арабија, барем еднаш во својот живот, ако се физички и финансиски способни за тоа).

Рамазан: месец на пост и интроспекција

Рамазан е деветиот од 12-те месеци во исламскиот календар, кој е лунарен и заснован според фазите на Месечината. Лунарниот календар е пократок од соларниот календар за 11 дена. Како резултат на тоа, Рамазан не започнува на ист датум секоја година и се менува низ сите сезони.

Рамазан се слави како месец кога Мухамед го добил првото откровение од она што подоцна станало Куранот.

За време на Рамазан, муслиманите постат од зори до зајдисонце. Тие треба да избегнуваат да јадат, пијат, пушат и да имаат сексуални активности, како и да избегнуваат секаков вид на нечисти мисли или зборови, и неморално однесување. Рамазан е време да се практикува самовоздржаност и авторелексија.

Постот се смета за начин за прочистување на душата и покажување емпатија за луѓе во светот кои се гладни и помалку среќни. Муслиманите одат на работа и на училиште и се грижаат за своите вообичаени активности за време на Рамазан. Но, некои исто така и го читаат целиот Куран, кажуваат посебни молитви и почесто посетуваат џамии за време на овој месец.

Од сите муслимани кои сигнале до пубертет и имаат добро здравје, се бара да постат. Болните и постарите лица, заедно со патниците, бремените жени и оние кои добиваат посебна грижа, се исклучоци, иако и од нив се очекува да надоместат за промашените денови на постење во иднина или да помагаат да се нахранат сиромашните.

Првиот оброк пред зори за време на Рамазан се нарекува сухор. Постот се прекинува секој ден со оброкот наречен ифтар. Традиционално се одредува датум за да се прекине со постот. Ифтарите се често време за радосни собири за јадење со семејството и со пријателите. Видот храна која се служи може да варира во зависност од културата.

Крај на постот за Рамазан: Ид Ал-фит`р

Крајот на Рамазан се одбележува со прослава, позната како Ид Ал-фит`р (или Еид Ал-фит`р), што значи гозба или прекин на постот. Почнува дента кога завршува Рамазан и трае три дена. Ид-Ал-фит`р вклучува специјални молитви и оброци со роднините и пријателите, а често се разменуваат и подароци.

Во 1996 година, тогаш првата дама на САД, Хилари Клинтон ја организираше првата Ид Ал-фит`р вечера во Белата куќа. Претседателот Бил Клинтон ја продолжи традицијата за време на својот мандат. Неговиот наследник, Џорџ Буш, беше домаќин на ифтар во Белата куќа во 2001 година и продолжи со вечерите секоја година во неговите два мандати. Претседателот Барак Обама ја продлжи традицијата и беше домаќин на неговата прва вечера за Рамазан во Белата куќа во август 2010 година.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ