Радиските хитови на годината ќе се избираат на 10. МАРС на 14 ноември

Од:

Најпопуларните радиски хитови на годината, селектирани и испратени до организаторите од над 30 радиостаници во Македонија ќе бидат избрани на 10. Македонски радиски фестивал МАРС 2017 кој ќе се одржи на 14 ноември во Македонската опера и балет.

Повеќе од 100 изведувачи и 500 песни биле испратени од македонските радиостаници и, по разгледувањето, најслушаните се ставени на финалната листа според оценката на жирито, составено од претставници на национални и локални радија од различни региони од Македонија.

Изведувачот кој ќе биде прогласен за апсолутен радиски хит за 2017 година ќе добие награда од 60.000 денари, а за авторот на една од финалните песни чиј текст ќе биде прогласен како најдобар од новинари од разни медиуми во Македонија ќе добие награда од 10.000 денари.

Организаторот на МАРС 2017 Антонио Димитриевски на прес-конференција денеска рече дека за една деценија МАРС станал манифестација која ги валоризира и наградува и авторите, и изведувачите.

– По многу нешта останавме, не само единствени во земјава, туку и единствени во регионот. Кога почнувавме ги имаше Хрватски радиски фестивал, Србија и Босна и Херцеговина имаа свои радиски фестивали. Нив повеќе ги нема а, ете, ние опстанавме 10 години, рече Димитриевски.

На МАРС 2017 во МОБ ќе настапи и бендот „Меморија“ кој неколку дена потоа, на 18 ноември, ќе одржи концерт во Метрополис арена.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Кина: Најдовме геометриски форми под површината на Марс

Предраг Петровиќ

Делчевските пензионери маршираа низ градските улици барајќи линеарно покачување на пензиите

(ВИДЕО) Преживување на „Марс“ во скафандер од 25кг и со „храна во прав“: Интервју со Мартина Димоска, прв аналоген астронаут од Македонија

Орце Костов

Роверот сними необични облаци на Марс

Предраг Петровиќ

Руско-европската мисија на Марс прекината поради војната во Украина

А1он