Пукано врз вилата во која биле Канје Вест и Текаши69

Од:

Врз вилата во која се наоѓале Канје Вест и Текаши69 бил отворен оган.

Американски медиуми пренесуваат дека најмалку осум куршуми се испукани во правец кон вилата во која се наоѓале музичарите Канје Вест и Текаши69.

Како што се наведува, инцидентот се случил во вила на Беверли Хилс, која била изнајмена за снимање музички спот.

Медиумите пренесуваат дека во вилата најверојатно била и пејачката Ники Минаж.

Полицијата потврди дека никој не бил повреден во инцидентот, но констатирано е дека еден куршум пробил прозорец во спалната соба.

Медиумите наведуваат дека Текаши69, една од ѕвездите на новиот бран рап музика, бил цел на напад и во текот на снимање на спот со 50 Сент во август оваа година.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска