Птица стара четири милениуми пронајдена во норвешки мраз

Од:

Во Норвешка е пронајден замрзнат и идеално зачуван дрозд стар 4.200 години.

Птицата, чија старост е утврдена со јаглеродни тестови, е секцирана за да се утврди дали нејзините внатрешни органи успеале да го издржат тестот на времето.

Истражувачот на Норвешкиот унивиерзитет на наука и технологија од Трондхајм, Јорген Росволд соопшти дека дроздот го открил службеник на Норвешката агенција за контрола на природата на планината Опдал.

– Тоа е апсолутно фантастичо откритие. Никогаш до сега не сме ѕирнале во 4.000 години стар организам за да видиме како изгледа внатре, изјави Росволд.

Истражувачите во почетокот верувале дека птицата не е постара од повеќе од неколку стотина години, за потоа да откријат дека на норвешкото небо оваа птица летала пред неколку милениуми. Тие веруваат и дека птицата ја уловил и убил лакомец или лисица.

Испитувањата откриле дека голем број органи на замрзнатата птица, како на пример срцето и црниот дроб се целосно недопрени, што би овозможило да се направи увид во условите за живот во Норвешка пред илјадници години.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

Во близина на Кикинда пронајдени 800 мртви птици, некои заштитени со закон

Горан Наумовски

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on