Прва „зоолошка градина“ на микроби

Од:

Првата „интерактивна зоолошка градина на микроби“ во светот е отворена во Амстердам и ги запознава посетителите со животот на минијатурните суштества кои сочинуваат две третини од живиот свет, и се пресудни за иднината на животот на Земјата.

– Зоолошките градини традиционално прикажуват само мал дел од природата и тоа воглавно големите животни, рече директорот на Зоолошката градина, Артис Хаиг Балиан кој пред 12 години ја осмисли идејата за музејот „Микропиа“ (Micropia) вреден десет милиони евра.

– Микробите асоцираат на болести, но бактериите, вирусите, габите и алгите се клучни за одржување на животот на Земјата, рече Балиан.

– Миркобите се насекаде. Микробиолозите можат да работат во секој сектор… во болници, производство на храна, нафтена индустрија до фармацевтска индустрија, рече Балиан, кој верува дека музејот би можел да разбуди интерес за микробиологијата.

Микробите се користат во производството на биогоривата, создаваат нови антибиотици или ги подобруваат земјоделските реколти, а истражувањата покажаа дека имаат широк потенцијал, создавање струја, лекување карциноми…

Секој човек носи просечно околу 1,5 килограми микроби и без нив не би преживеал. Поголемиот дел од музејот изгледа како лабораторија со наредени на микроскопи поврзани со големи телевизиски екрани.

Посетителите како во вистинска лабораторија можат низ прозорчињата да гледаат како разните видови миркоби се множат цевките и епруветите.

– Знаете ли дека, околу 700 видови микроби живеат во вашата уста, или 80 видови габи на вашите пети?, запраша Балиан.

Би можело да ве интересира

Феномен: Се родија шест двојки близнаци лемури во скопската Зоолошка градина

Орце Костов

Скопје добива нова ботаничка градина во Зоолошката градина

Ана Ололовска

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Нема да поскапи билетот за ЗОО, се отвори прашањето дали в.д. директорот е законски поставен

Кристијан Ландов

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ