Прва заедничка презентација на четирите примероци од „Магна Карта“

Од:

Четирите зачувани примероци од „Магна Карта“ од 1215 година, првпат се прикажани заедно во Британската библиотека во Лондон, по повод одбележувањето на 800-та годишнина од објавувањето на овој документ.

„Магна Карта Либертатум“ („Голема повелба на слободата“) претставува еден од најзначјаните документи во човековата историја и се смета за првиот изработен Устав во светот.

„Магна Карта“ е донесена по големата борба на англиското племство со англискиот крал Џон за ограничување на кралската власт и неговиот апсолутизам.

Во правната наука и во политиката, оваа „Повелба“ се смета за првиот чекор кон уредувањето и воспоставувањето на парламентарната демократија, а особено за изградбата на принципте дека никој не е над правото и законите, вклучувајќи го и кралот.

Два примероци од „Магна Карта“ постојано се чуваат во Британската библиотека во Лондон, а по еден во катедралите во Линколн и во Солзбери.

Истраувачите на овој документ веруваат дека откако тогашниот англиски крал го ставил кралскиот печат на „Повелбата“, биле изработени 250 примероци на „Магна Карта“, кои биле испратени до тогашните правници и црковните високодостојници за да ги чуваат и да се потсетуваат на нејзините одредби.

Се верува дека до денес се зачувани само 17 примероци.

Повеќе од 40.000, избрани со специјално организирана лотарија, можеа да ја разгледаат „Магна Карта“, а само 1.125 успеаја за три дена да ги видат заедно на едно место четирите зачуваните оригинални примероци на „Големата повелба на слободата“.

На 15 јуни годинава во Велика Британија ќе се одржи централната прослава од донесувањето на овој исклучително значаен документ за англиската и светската историја.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ