Прва фотографија од замрзнат кратер на Марс

Од:

Европска вселенска агенција (ЕСА) по првпат објави фотографија од огромен крaтер на Марс, чии рабови се замрзнати.

Научниците направиле комбинација од три фотографии на кратерот Корољев, снимени на 15 април од височина од 400 километри.

Раководителот на проектот Николас Томас изјави дека боите на оваа фотографија се прилагодени што повеќе да потсетуваат на оние кои се видливи со човечко око.

Камерата која е користена е еден од четирите иструменти на беспилотното вселенско летало. Орбитерот е дизајниран да бара гасови како што е метанот, кои би можеле да наговестат биолошки или геолошки активности на Марс.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Кина: Најдовме геометриски форми под површината на Марс

Предраг Петровиќ

Делчевските пензионери маршираа низ градските улици барајќи линеарно покачување на пензиите

(ВИДЕО) Преживување на „Марс“ во скафандер од 25кг и со „храна во прав“: Интервју со Мартина Димоска, прв аналоген астронаут од Македонија

Орце Костов

Роверот сними необични облаци на Марс

Предраг Петровиќ

Руско-европската мисија на Марс прекината поради војната во Украина

А1он