Протекоа податоци за 1,2 милијарди корисници на интернет

Од:

Личните податоци на 1,2 милијарда корисници на интернет се нашле незаштитени на еден сервер до кој можел да пристапи било кој со доволно точна веб адреса.

dobivaj vesti na viber

Како што пишува американскиот стручен магазин „Вајерд“, станува збор за незаштитена база на податоци за која не се знае како е креирана, но е јасно дека податоците ги добивала од повеќе извори.

Неа ја сочинувале податоците на 1,2 милијарда корисници на онлајн сервиси, како социјалните мрежи, а главно се состоела од имиња, имејл адреси и броеви на телефони. Среќа во несреќа е што во базата на податоци немало лозинки, нити податоци за кредитни картички.

Незаштитената база на податоци била откриена во октомври 2019 година, а во неа податоците се „тешки“ околу четири терабајти и вклучуваат информации собирани од профилите на „Фејсбук“, „Твитер“ и „Линдкин“.

На серверот биле пронајднеи четири милијарди профили и 650 милиони единствени имајл адреси што можеле да се поврзат со 1,2 милијарда вистински лица.

Серверот веќе не е онлајн и до податоците веќе не може да се пристапи, а случајот бил пријавен во американското Федерално истражно биро (ФБИ).

Би можело да ве интересира

Путин ја прогласи 2021 за година на науката и технологиите во Русија

Жарко Настоски

Кина ќе го зголеми вложувањето во технологија за да постигне повисок раст

Жарко Настоски

Гугл: Андроид телефоните ќе ги предупредуваат корисниците при појава на земјотрес

А1он

Компанијата на Илон Маск развива мозочен чип кој ќе може да го промени нашето расположение

А1он

5G технологијата станува реалност, Кина ќе изгради повеќе од 600 илјади базни станици до крајот на годината

А1он

Сони го објави датумот за презентација на новитетите на „PlayStation 5“

А1он