Делови од она што би можело да биде најстариот Куран познат на човештвото, стоеле заборавени во библиотеката на британскиот Универзитет во Бирмингем.
Тие по грешка биле сместени во делот каде се наоѓаат примероци од светата исламска книга од крајот на седмиот век, двата листа хартија случајно ги пронајде Елба Федел, истражувајќи ја книгата за нејзиниот докторат.
Со датирање утврдено е дека листовите се направени од овча или козја кожа настанати меѓу 568. и 645 година
– Тоа значи дека лицето кое ги пишувало овие страници најверојатно живеело во времето на пророкот Мухамед, изјави професор Дејвид Томас, пишува Индепендент.
Поглавијата на Куранот, кои според верувањето, Мухамед ги диктирална мелек Џебраил (во христијанството ангелот Гаврил), во почетокот биле пишувани на пергаменти, камења, листови, па дури и грбот на камилите, пред да биде книгата комплетирана околу 650 година.