Професии што се неправедно потценети, а не би требало

Од:

За овие професионалци никогаш не е направен филм, тие не се воопшто популарни, а мајките обично избегнуваат да кажат „Мојот син е …“, вели Тони Ли, главен уредник на „CareerCast.com“. Тие се многу потценети, но кога ќе се земат в предвид статистичките податоци, воопшто не би требало да бидат.

„CareerCast.com.“ направи листи на најпотценети и најпреценети професии во светот, според понудата на работни места, платата, нивото на стрес и физичките барања.

Шесте најпознатите потценети вработувања за 2012 година се: компјутерски систем – аналитичар, градежен инженер, ветеринар, биолог, истражувач на пазарот и сметководител.

1. Компјутерски системи аналитичар
Просечна плата годишно 78.148 долари

Тие никогаш не се херои во филмовите, ако воопшто и ги има во некој, но ако некогаш сте користеле компјутер, знаете дека тие се едни од најпознатите и најпотребните професионалци.
„Тоа е страшна работа“, вели Ли. „Побарувачката е исклучително висока. Плата е силна, а можат да работат прилично автономно. “

Според статистиката на Агенцијата за вработување во САД, побарувачката за оваа професија се очекува да расте 22 проценти во следната деценија, а многу малку сакаат тоа да бидат.

2. Градежен инженер
Просечна плата годишно 78.133 долари

Последен пат кога оваа професија била популарна е пред многу години.

Иако се наоѓа најдолу на листата на најпосакувани работни места сепак, токму сега, вели Ли, постои голема побарувачка за нив покрај актиелните обнови на мостовите, патиштата и останатата инфраструктура и сите бараат градежни инженери.

3. Ветеринар

Просечна плата годишно: 82.190 долари
Според обемот на работа, но и протребната наобразба, обично луѓето велат, ако веќе се одлучам на такво нешто подобро ќе одам на медицина и ќе бидам лекар.

Но, постои реален недостаток на ветеринари, рече Ли.

Овде предноста е што можеш да си имаш свој распоред, а и не мораш толку да се грижиш за здравствената заштита и прописите!

Покрај тоа, сите од најновата „бејби бум“ генерација чуваат миленици.

 

4. Биологот

Просечна плата годишно: 73.285 долари

Кога последен пат сте слушнале некое дете да рече „Кога ќе пораснам сакам да бидам биолог“, прашува Ли.

Во време кога технологијата бележи постојан напредок и многу влади низ светот работат на создавање биолошко оружје, значи дека побарувачката од ваквиот тип на професии постојано ќе расте.

„Потребата за биолози е многу голема. Човечкиот ген се менува повеќе од кога било порано, а се помалку ученици велат дека сакаат да студираат на биологија. Па, можеби и треба“, вели уредникот Ли.

 

5. Истражувачи на пазарот, аналитичари

Просечна плата годишно 61.236 долари

„Кога веќе станавме таква неверојатна „потрошувачка“ нација, истражувањето на пазарот ќе има навистина голема улога“, коментира Ли и додава „Сепак повеќето луѓе не се гледаат себе си како идни истражувачи на пазарот. Тие повеќе сакаат да бидат маркетинг менаџери, но тоа е сосема различно како професија.

Непотребно непосакувано вработување, но веќе започнува да чувствува ефектот од неправедната проценка како непосакувана професија.

 

 

 

6. Сметководител

Просечна плата годишно 62.174 долари

„Ох, сметководители. На филмовите секогаш се неуредни и неинтересни ликови. Но, токму тие се главните заштитници на вашиот џеб. Зарем ова треба да биде потценето?
Тоа е многу сигурна професија“, вели Ли, „Сметководителите се секогаш потребни, без разлика дали економијата оди на добро или на лошо. Дури сега кога кризата удри насекаде низ светот, се почувствува големата потреба од сметководители“.

Би можело да ве интересира

Голем интерес за сезонска работа: Рекорден број на агенции за вработување странци во Хрватска

А1он

На граѓаните не им се работи во „Бехтел и Енка“: Стигнале само 360 апликации за 2.000 работни места

Орце Костов

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Бројот на слободни работни места во Словенија достигна рекордно високо ниво во вториот квартал

Драстичен пад на вработените во угостителскиот сектор во Германија