„Хуавеи Онор 6“ пристигнува со 5-инчен Фул ХД дисплеј со резолуција од 1920 х 1080, осум јадрен мобилен процесор „Хуавеи Кирин 920“, составен од четири АРМ Корткес A-15 и четири АРМ Кортекс-A7 јадра.
Уредот поседува „Мали T628“ графички забрзувач, микроЕсДе слот за картичка, 13-мегапикселна задна и 5 мегапикселна предна камера, како и оперативен систем „Андроид 4.4.2 КитКет“ со кориснички интерфејс „ЕМУИ 2.3.“
Цената на верзијата од 16ГБ во Кина е околу 330 долари, а на 32ГБ – 370. Кога пристигнува во Европа се уште не е познато.