Принцот Ендрју ја извести британската кралица Елизабета дека на погребот на принцот Филип, сака да се појави во униформа на адмирал

Од:

Откако принцот Ендрју ја извести својата мајка – британската кралица Елизабета Втора, дека на погребот на неговиот татко – принцот Филип, сака да се појави во униформа на адмирал, во Бакингемската палата се појавија „бранувања“, па кралицата сега мора да одлучи – која униформа?

Војводата од Јорк, принц Ендрју се повлече од сите јавни функции пред 18 месеци поради пријателството со осомничениот педофил Џефри Епстин. Но, 2015 година, на неговиот 55. роденден, му беше доделена почесната титула заменик-адмирал на Кралската морнарица.

Погребот на војводата од Единбург, принц Филип, ќе се одржи в петок и в сабота.

На неговиот 60. роденден, лани, војводата од Јорк требаше да добие чин адмирал, но тој предложи одложување на унапредувањето, сѐ додека не се разјасни неговиот однос со Епстин и тој се врати на своите јавни должности. Британската кралица треба да донесе одлука за ова прашање денеска.

Би можело да ве интересира

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Принцезата Шарлот и принцот Џорџ наскоро ќе мора да бидат разделени

Предраг Петровиќ

Кралското семејство конечно објави фотографија од принцезата Кејт по операцијата

Уште една љубовница на Чарлс трети почина набргу по принцезата Дијана, заврши трагично

А1он

Паника кај персоналот во кралското семејство: Фрчат откази поради доаѓањето на кралот Чарлс

А1он

Раздор во Балморал: Принцот Хари не вечерал со татко му и брат му, не му било дозволено

А1он