Кралицата Елизабета II поседува исклучително ретко парче накит, кое често е предмет на разговор во круговите на кралското семејство.
Имено, станува збор за нејзиниот веренички прстен кој повеќе од 70 години го носи секој ден, трикаратен дијамант кој од секоја страна е накитен со уште четири помали дијаманти. Сепак овој прстен крие многу интересна приказна.
Митот вели дека рускиот цар Николај II и царицата Александра и подариле голема тијара со дијаманти на принцезата Алиса од Батенберг кога се омажила за грчкиот принц Андреа. Многу години подоцна, оваа тијара принцезата Алиса ја предала на својот син единец, принцот Филип за од неа да направи прстен за идната сопруга Елизабета.
Се раскажува дека принцот Филип со месеци се занимавал со дизајнот на прстенот за својата избраничка, а користел и други дијаманти од тијарата за да направи раскошен накит, кој би го дал како подарок за венчавањето.
Кога ја запросил во 1947-та година, прстенот и бил голем, но успеале да го намалат пред официјалната објава на датумот на венчавката.
Од тогаш кралицата Елизабета овој прстен го носи веќе секој ден и тоа 72 години. Се „шушка“ дека таа го користи за да им прати порака на своите подредени. Кога ќе почне да го врти тоа значи дека е подготвена да тргне кон домот.