Претставен Самсунг Галакси А7

Од:

Јужнокорејската компанија Самсунг го претстави својот најтенок смартфон на сите времиња, моделот Галакси А7 со дебелина од само 6,3 милиметри.

Галакси А7 се придружува на моделите Галакси А3 и А5, а го карактеризира врвно метално куќиште и одлични перформанси.

Моделот А7 ќе има процесор Снапдрагон окта кор со 1,5 гигахерци или Ексинокс Окта 5 1,8 гигахерци и квад кор процесор со 1,3 гигахерци во зависност од пазарот.

Двата модели, освен наведените разлики, се целосно идентични и имаат 2 гигабајти РАМ меморија и 16 гигбајти интерна меморија, како и можност за микроСД картичка и 4Г конекција.

Галакси А7 има задна камера од 13 мегапиксели со автофокус и опција за откривање на лица, ХДР и ЛЕД блиц светла, додека на предната страна се наоѓа камера од 5 мегапиксели.

Моделот има 5,5 инчен АМОЛЕД екран со резолуција од 720х1289 пиксели. Уредот работи на Андроид оперативен систем 4.4.4. КитКат, со можност за надоградба на Лолипоп.

Самсунг Галакси А7 се очекува во продажба кон крајот на јануари, коге ќе биде позната и цената.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ