Конечно официјално е претставен Motorola Moto X, првиот заеднички смартфон со Google кој сигурно ќе го привлече светското внимание.
Тука е Motorola Maker програмата преку која ќе може да ја одберете бојата на маската, избор на различни материјали и додатоци, како и ваша лична порака која ќе се појавува при вклучување на смартфонот.
Поседува AMOLED екранот од 4.7 инчи и HD резолуција од 720 x 1280 што дава густина на сликата од 316 ppi и е сосема доволно за одлична видливост но, е под нивото на Full HD стандардот.
Qualcomm Snapdragon S4 Pro процесор со брзина од 1.7 GHz, 2 GB RAM и 16 GB вградена меморија, но без можност за надполнување преку мемориска картичка.
Камерата има капацитет од 10 мегапиксели и RGBC сензор за поголемо привлекување на светлина, со LED блиц, HDR, Auto focus, а ќе може да се снимаат многу стабилни видеа со HD резолуција.