Преспански јаболкобер

Од:

Богата спортска, културно–уметничка и бизнис понуда, најавуваат организаторите на 14. традиционален Преспански јаболкобер што ќе се одржува од денеска до 27 септември.

Програмата ќе биде збогатена со ѕвезди од македонската поп и фолк естрада и културно–уметнички друштва.

Во рамки на Јаболкоберот ќе бидат доделени награди и признанија за најдобрите јаболкопроизводители од Преспа, како и луѓе и организации кои со својот ангажман  придонеле за развојот и промоцијата на регионот.

На 27 септември, Крстовден, ќе бидат одржани главните активности – традиционалното осветување на родот и откинувањето на првото јаболко. Промовиран ќе биде и новоотворениот  капитален објект – Компостара во Ресен, прв од ваков тип во државата, во кој, органскиот отпад од земјоделството, индустријата и домаќинствата ќе се преработува во висококвалитетно органско ѓубриво – компост.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Работиме преспанското јаболко да остане бренд и да имаме што повеќе задоволни земјоделци

Серија земјотреси го тресат преспанскиот регион

А1он

Силен земјотрес ноќеска ги вознемири граѓаните на Преспа

A1on

Поради реконструкција на дистрибутивната мрежа, Ресен и Преспа утре 10 часа без струја

Локализиран пожарот во националниот парк „Преспа“

А1он

Голем пожар во националниот парк „Преспа“ кај Пустец

А1он