Пресметано е колку чини целата облека што Меган Маркл ја носела откако се омажи за Хари

Од:

Во текот на изминатата недела, принцот Хари и војвотката од Сасекс, Меган Маркл му објавија на светот дека сакаат да станат финансиски независни и да си дадат оставка од високите кралски должности.

Но гледајќи во гардеробата на Меган што ја носи откако се омажи за Хари, ќе им треба голема сума пари за да го издржат нејзиниот вкус за луксузна и скапа облека.

Откако се омажи за Хари во мај 2018 година, Меган ја носи гардеробата на луксузни модни креатори како Диор, Живанши, Прада и Шанел.

Облеката што Меган ја носеше за вршење на кралските должности беше купувана од буџетот на принцот Чарлс.

Останува да се види дали тие ќе продолжат да добиваат пари од овој буџет, но не е ни сосема сигурно дали Меган ќе ја плаќа целата цена за парчињата облека што ги носи.

Британскиот весник „Дејли меил“ пресмета колку ја чини Меган целата гардероба што ја носеше досега.

Тие на крајот дојдоа до неверојатна сума вредна повеќе од милион евра дадена на облеката Меган ја носеше за време на нејзината турнеја во Австралија, Нов Зеланд и Африка, како и двете венчаници што ги носеше на нејзината свадба.

Би можело да ве интересира

Кралското семејство конечно објави фотографија од принцезата Кејт по операцијата

Уште една љубовница на Чарлс трети почина набргу по принцезата Дијана, заврши трагично

А1он

Паника кај персоналот во кралското семејство: Фрчат откази поради доаѓањето на кралот Чарлс

А1он

Раздор во Балморал: Принцот Хари не вечерал со татко му и брат му, не му било дозволено

А1он

Писма на Чарлс Трети предизвикаа загриженост: „Се меша“ околу влијанието врз министрите на британската влада

А1он

Вилијам и Кејт преку ноќ станаа милијардери: Добија делови од национален парк, терен за крикет и затвор

А1он