Потврдени случаи на резистентност на вирусот Х7Н9 на Тамифлу

Од:

Лабораториско истражување покажа отпорност на вирусот на новиот птичји грип Х7Н9 кај тројца пациенти на вообичаените лекови, вклучително и „Тамифлу“, објави денеска британскиот медицински магазин „Лансет“.

– Очигледната леснотија со која се појави резистентноста на вирусот Х7Н9 на единствената достапна терапија предизвикува загриженост, истакнуваат кинеските експерти, кои работеле на истражувањето.

Истражувањето е спроведено меѓу 4 и 20 април на 14 лица заразени со вирусот Х7Н9, кои се сместени во шангајскиот Клинички центар за народно здравје.

Сите пациенти примиле антивирусна терапија, но само кај 11 дошло до намалување на бројноста на вирусот, додека кај тројца таа се задржала висока, поради што пациентите морале да бидат ставени на апарати за дишење. Двајца од нив се починати.

Кинеските здравствени власти претходно објавија дека веќе втора недела во земјата не е регистриран ниту еден нов случај на заразени со вирусот Х7Н9. Новиот вирус на птичји грип во Кина зафати вкупно 130 лица, од кои досега 37 починаа.

Би можело да ве интересира

Заразата се шири: Смртоносниот вирус веќе стигна во Европа

Горан Наумовски

Нова опасност се шири низ светот, ја нарекуваат XBB15

Горан Наумовски

„Гардијан“: Во Кина се шири нов вирус, заразени десетици лица

Во Кина откриен нов опасен вирус, досега се пријавени 35 заболени

Катерина Ѓуровски

Во Србија регистриран прв случај на заразено лице со вирусот Западен Нил

Германски вирусолог предупредува на опасноста од нова пандемија

Ана Ололовска