Последниот монарх од династијата Тјудор: Пет работи кои не сте ги знаеле за кралицата Елизабета Прва

Од:

Национална географија – Вашингтон

Кралица девица, Глоријана Беш, како што многу луѓе ја нарекувале Елизабета Прва, обожувала да дава необични прекари на своите миленици, а интересно е дека никогаш не требала да го наследи престолот иако времето на нејзиното владеење е наречено „златна ера на Елизабета”.

Елизабета Прва е една од најпознатите историски личности. Била британска Глоријана, кралица девица која се омажила за својата земја и која донела речиси 50 години стабилност по немирите кои ги предизвикало владеењето на нејзините браќа и сестри.

Со портокалова коса, бело лице и секогаш раскошно облечена, Елизабета поседувала природна харизма од својот татко Хенри VIII и била омилена кај својот народ. Нејзиниот најдобар период почнал откако ја победила Шпанската армада, а на тронот била од 1558 до 1603 година. Ви претставуваме 5 занимливости кои можеби не сте ги знаеле за Елизабета Прва:

1. Никогаш не требала да стане кралица

Иако е прогласена за еден од најдобрите монарси, Елизабета Прва всушност никогаш не требала да дојде на тронот. По смртта на таткото, била трета по ред за престолот, по помладиот полубрат Едвард и постарата полусестра Мери. 10-годишниот Едвард го презел тронот во 1547 година и владеел само шест годни пред да умре од треска.

За свој наследник ја именувал роднината Лејди Џејн Греј. Меѓутоа, Џејн на престолот се задржала 13 дена, бидејќи Мери успеала да ја симне од власт и да ја земе круната на пет години. Мери починала од грип 1558 година, а бидејќи немала деца, Елизабета станала Кралица на Англија, Велс и Ирска.

2. Пред да стане кралица, била политички затвореник

Елизабета поради тоа што била наклонета кон протестантизмот и сомнежот дека учествувала во Вајатовиот бунт, востание против Кралицата Мери Прва, била затворена во 1554 година.

3. Сакала да дава прекари на своите дворјани

Елизабета Прва била шармантна и женствена како нејзината мајка, Ана Болен и привлекувала внимание кај многу мажи. Сакала да биде во друштво на најзгодните мажи, а исто така ја веселело тоа што разни принцови се натпреварувале за нејзината рака.

Својата женственост вешто ја користела за да ги надмине мажите на дворот и уживала да доделува прекари на своите миленици.

Така на пример главниот министер Бергли го нарекувала нејзин дух, наводниот љубовник Роберт Дадли, грофот од Лестер го нарекла нејзини очи, додека Франсоа војводата од Анжуј бил нејзина жаба.

4. Единствена британска кралица која не се омажила

Наспроти тоа што многу мажи сакале да се оженат со неа, Елизабета Прва никогаш не се омажила. Била единствена британска кралица, која никогаш не се омажила, иако дури осум кралеви пред неа биле прогласени за доживотни ергени.

5. Се борела за сиромашните

Кралицата Елизабета Прва ги следела првите обиди на нацијата да се намали сиромаштијата: постепено се акумулирал закон како задолжително даночење кое кулминирало во 1601 година. Законот за сиромашни предвидувал државата да дава на земјоделците кои биле премногу болни, со цел да можат да заработат извесна сума на пари.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ