Почнува Вевчанскиот карневал

Од:

Музичката програма на Вевчански карневал 2016 започнува вечерва (вторник, 12 јануари), а ќе се одржува и утре (среда, 13 јануари) со посебно подготвениот дочек на Старата нова година, кој ќе биде одбележан и со голем огномет.

Вечерва, програмата за големата василичарска прослава ќе ја отвори популарниот македонски изведувач „Слаткаристика“, а по неговиот настап на сцената во Вевчани ќе настапи и еден од најпопуларните регионални бендови „С.А.Р.С.“, како и групата „Брас Брадерс“ од Македонија.

За утре (среда, 13 јануари) организаторите најавуваат изненадување на Вевчанскиот каневал со карневалска поворка и василичарите кои своите маски до последен момент ги чуваат во најстрога тајност. Со големото василичарско дефиле Вевчани и секоја негова улица ќе се претворат во најуникатниот и единствен уличен театар без режија. Во вечерните часови, во рамки на музичката програма, сцената во Вевчани е резервирана за ѕвездите на македонската народна музика: Есма Реџепова и Наум Петрески, како и групата „Инфузија“ и „Перо Бели“.

Би можело да ве интересира

Во Вевчани: Маж со пушка пукал кон домашни миленици

Приведен вевчанец, пукал со пушка во домашни кучиња

СДСМ: Градоначалникот на Вевчани и ВМРО-ДПМНЕ се неспособни да поднесат навремена апликација за финансирање на Карневалот

Ана Ололовска

Влајнкиноски: И покрај опструкциите од СДС-ДУИ и од Костадиновска и оваа година Вевчански карневал ќе има

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кочовски: Вевчанскиот карневал продолжува и оваа година и покрај немање поддршка од Mинистерството за култура

Ана Ололовска

Кривична пријава за лажниот лекар од Вевачни за надрилекарство, измама и за фалсификување

Катерина Ѓуровски

Почнува Вевчанскиот карневал

Од:

Вевчани викендов е домаќин на традиционалниот карневал кој како безграничен театар секоја година во пресрет на Стара Нова година и празникот Василица собира стотици маскирани лица.

Годинава ќе гостуваат музичари од Македонија и од соседните земји. Преткарневалската програма почна вчера со новогодишен концерт на КУД Дримкол од Вевчани, а вечер ќе настапат: Скандал састав, Верица Ристевска, Стрингс – Пламенка Трајковска трио, Пука козметика и Дивље јагоде. Пред вечерашниот концерт ќе биде презентиран и меѓународниот проект „Карневалот крал на Европа“.

Вевчанскиот карневал официјално ќе почне утре напладне и вечерта ќе продолжи со фолк-програма и учество на Чаки панкерот, Дијана бенд, Нино Величковски и Благица Павловска. Карневалот завршува на зајдисонце на Василица, 14 јануари, со церемонијално палење на маските. Фрлањето на маските во огнот го симболизира уништувањето на злото, прочистување од лоши духови и влегување со чиста душа во новата година која на тој датум почнувала според стариот календар.

Карневалското дефиле се случува на вевчанските улици, кои стануваат сцени за парада на маски со кои се илустрира инвентивноста и досетливоста на тие што ги носат. Покрај традиционалните маски – Невеста и Зет, Глупав Август, Музичари и Ѓаволи, останатите се по избор на карневалските групи кои секојдневниот и социјалниот живот го исмеваат и преку своите костуми и гестикулацијата.

Специфика на карневалот е што тој не се режира, туку се се одвива импровизирано и спонтано. Има непрекинат континуитет што го прави единствен – стар е над 1400 години, колку и селото Вавчани, и е интересна комбинација на паганство и модернизам. Главни особини му се архаизмот, тајноста и импровизацијата и по својата автентичност се разликува од сите други карневали во светот. Од 1993 година Вевчани е член на Федерација на европски карневалски градови.

Општината очекува голем број посетители и уште повеќе млади учесници. – Најмногу ме радува што во карневалската поворка има се повеќе млади луѓе, и машки и женски, што не било во изминатиот период. Тоа ни дава голем мотив и сила да и покажеме на јавноста како се штити традицијата, рече градоначалникот Перо Илиевски кој на прес-конференција минатата недела покани на масовно присуство од 12-ти до 14 јануари во Вевчани.

И оваа, како и во изминатите три години, Министерството за култура го помага Вевчанскиот карневал со еден милион денари.

Би можело да ве интересира

Во Вевчани: Маж со пушка пукал кон домашни миленици

Приведен вевчанец, пукал со пушка во домашни кучиња

СДСМ: Градоначалникот на Вевчани и ВМРО-ДПМНЕ се неспособни да поднесат навремена апликација за финансирање на Карневалот

Ана Ололовска

Влајнкиноски: И покрај опструкциите од СДС-ДУИ и од Костадиновска и оваа година Вевчански карневал ќе има

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кочовски: Вевчанскиот карневал продолжува и оваа година и покрај немање поддршка од Mинистерството за култура

Ана Ололовска

Кривична пријава за лажниот лекар од Вевачни за надрилекарство, измама и за фалсификување

Катерина Ѓуровски