ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Заев со специјалци тепа луѓе на карневал кои го исмеваат лошото владеење на СДСM

Од:

„Власта на Заев со специјалци тепа граѓани на карневал, кои преку маски и хумор го исмеваат лошото владеење на СДСМ. Прагот на толеранција кон секоја критика на СДСМ и на Заев е нула. Ова денеска во Вевчани беше приказ како функционира тоталитарен режим,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешните настани во Вевчани.

Еве го во целост остатокот од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:

„Под наредба на Заев денес брутално и насилно стотина специјалци ги тепаше, апсеше и малтретираше граѓаните кои учествуваа на вековниот Вевчански карневал, меѓу кои имаше деца и стари лица.

Тоа што не успеале разни поробувачи, во окупации и во комунизмот му успеа на Зоран Заев, да го прекине карневалот со ќотек и апсења. Зоран Заев и полицијата никаде ги немаше кога во Штип славеа на јавен простор и по кафаните функционерите на СДСМ и нивните пајташи, ама затоа се брутални со вевчанци.

За Заев не е проблем кога се собираат владините функционери кои кршат мерки и на нив не смее ни да помисли да им прати специјална полиција, но затоа кога се граѓаните во прашање се фаќа за пендракот и удира.

Македонците нема повеќе да го трпат насилието на Заев. За се следува казна,“ велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче