Почна најпознатиот фестивал на пивото – Октоберфест

Од:

Со симболично отворање на бочва со пиво започна минхенскиот – Октобер фест, кои во текот на своите 16 фестивалски денови ќе нагости илјадници посетители во главниот баварски град и љубители на пенливиот напиток.

Пиењето пиво на октомврсискиот фестивал, е традиција од октомври 1810 година, а е започната во чест на женидбата на баварскиот принц, кој владеел по кралот Лудвиг Први, со Тереса Вон Хидбургхаусен. Со време прераснал во најпознатиот фестивал на светот кој го слави пивото.

Посебeн деликатест и вистинско уживање за посетителите се пивата произведени според рецепти стари со векови, кои инаку се чуваат добро скриени во тамошните музеи. Фестивалот се одржува во областа Теренсвасен, на повеќе од 30 хектари површина.

Октоберфест привлекува просечно околу 6 милиони посетители, од кои најголем дел од соседните земји, а и покрај рецесијата организаторите се надеваат и оваа година на добар одзив кај љубителите на пивото. Исто така предвидуваат дека на Октоберфест ќе с еиспијат повеќе од 6 милиони литри пиво и ќе се изедат околу 400 илјади од познатите баварски колбасици.

 

Би можело да ве интересира

Пивата, соковите и минералната вода од утре со гарантирана пониска цена

A1on

Нема извоз на германско пиво за Русија, голем проблем за пиварниците од Баварија

Пиварите од Баварија речиси и не испорачуваат пиво во Русија

А1он

СКОПСКО SMOOTH ЈА ЛАНСИРАШЕ Smooth ON – Свежа музика на само клик од тебe

Горан Наумовски

„Експензивити“: Македонците трошат 260 евра годишно на пиво

Ана Ололовска

Трагедија во Германија – пиво вредно милиони евра пропадна поради корона-кризата

Жарко Настоски